25 годишна охриѓанка почина од Ковид

25 годишна охриѓанка ја загуби битката со корона вирусот.

Почина вчера на Инфективното одделение во Скопје. Според лекарите таа во охридската болница пристигнала во многу тешка состојба, по што веднаш била препратена Скопје. 

 Според болнички извори, починатата не била вакцинирана, а била дијабетичар.

Помеѓу новодијагностицираните во изминатиот месец, 81% од новите случаи и 87% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Од вкупно 22.416 заболени граѓани, 18.225 граѓани, односно дури 81% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Од вкупно починатите 480 лица, 89% не биле вакцинирани. Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Апелирам граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, информираат од министерството за здравство. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани