32 казни за неносење заштитна маска .
32 казни за неносење заштитна маска.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 32 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга-02, Кичево-16). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 54 контроли во угостителски и други објекти, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
