Голем интерес за втората по ред акција “Генералка викенд 2024” во Општина Вевчани. Вработени во Општина Вевчани, вработените во Ј.П. Еремја Вевчани, Мултикултурен Центар “Коста Србакоски” Вевчани, учениците од ООУ Страшо Пинџур -Вевчани, дечињата од ЈОУДДГ Планински Цвет Вевчани, членовите на ПЕД “ЦЕРН КАМЕН 2257” Вевчани , собираа отпад на неколку локации низ општината со цел подигнување на свеста за чиста животна средина. Ова е наш придонес кон зајакнувањето на еколошката одговорност кај сите. Апелираме секојдневно да се грижиме за здрава животна средина и да одлагаме смет само на места кои се означени за депонирање.