5,65% излезност до 10 часот во Охрид. 5,65 % од вкупниот број избирачи во Охрид до 10 часото утрово го оствариле своето право на глас.
– „Во споредба со првиот изборен круг утрово во Охрид има помала излезност за еден процент“, информира Климент Камнароски претседател на ОИК Охрид.
Според последните податоци на Државната изборна комисија досега се обработени податоците од 98,72 отсто од избирачките места (3.468 од 3.512 избирачки места). Овие податоци на ниво на Македонија покажуваат дека досега гласале 111.051 гласачи или 6,16 отсто од гласачите. Во првиот круг од претседателските избори гласаа 6,12 % или 112.157 гласачи.