65 казни за неносење маски

Денешниот биланс е 23 казни во Охрид, во Струга-09, Кичево-24, Дебар-9.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 65 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-23, Струга-09, Кичево-24, Дебар-9). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 07 контроли врз угостителски и други објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани