800 земјотреси за десет дена во охридско

Над 800 земјотреси за само  десеттина дена во Охридското епицентрално подрачје, регистрирала сеизмолошка мрежа во Македонија.

Само утринава регистрирани се 10-тина земјотреси со интензитет од три степени според  Европската макросеизмичка скала.

Земјотресите се главно слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2 степени. Со магнитуда помеѓу 2 и 3 беа регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема од 3 беа регистрирани 4 земјотреси. Охриѓани и туристите велат дека ги почуствувале земјотресите.  

-Ги почуствувавме тоа е нормална појава, после поплавите да има повеќе земјотреси.Но не сме уплашени нема што да се прави , вели еден охриѓанец.

-Да го почуствувавме  но навикнати сме. Ние сме од Турција. Се исплашивте? Не, вели еден туристи од Турција.

Црвен крст Охрид денес ја објави интернет  брошурата „Како да се заштитиме од земјотрес“, со цел  да се смири вознемиреноста кај  граѓаните.

-Брошура со која ќе се намали малку вознемиреноста  кај населението кое со право е вознемирено но и да ги посочи оние најважни правила , критериуми како да е однесуваат луѓето рпед да се случи некоја непогода земјотрес, за време на земјотрес и  после земјотрес.Во оваа брошура се дадени најосновните правила најосновните активности кои што треба да ги преземи  секоја една куќа посебно во вакво трусно подрачје какво што е Охрид а особено во последно време со земјотресите, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.

Серијата земјотреси не предизвикаа никакви материјални штети во регионот. Најсилниот се случи на 20 јуни во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда 3,6 степени. . Експертите по сеизмологија уверуваат дека не треба да се очекуваат  земјотреси со поголема магнитуда.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани