94 контроли во угостителски објекти

Нема нарушување на полицискиот час во Охрид.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 35 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга-05, Кичево-11, Дебар-05).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 94 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-37, Струга-21, Кичево-36). Во овој период нема регистрирано прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19, соопшти м-р Стефан Димоски, пртпарол на СВР Охрид.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани