Македонија ќе се ребрендира како туристичка дестинација.
Првиот човек на ресорната Агенција вели дека земјава не ги прати доволно трендовите, па оттука се решиле да го променат концептот.
Донев на промоцијата на европскиот туристички водич „In your pocket“ за Скопје, Охрид и Битола, истакна дека актуелното промовирање на земјата како содржина не ги следи трендовите, а брендот „Macedonia Timeless“ е веќе искористен и во суштина не е туристички.
Догодина, информира, почнува и проектот „Платформа за независни патувачи“ кој, пред се, ќе се однесува на туристите кои сами сакаат да ја креираат својата тура и да си го организираат престојот во Македонија, категорија која досега вооошто не била таргетирана.
Една од новините е примена на глобалниот туристички водич „In your pocket“. Треба на странските посетители да им го олесни престојот во земјава. Ќе може да се користи и како мобилна апликација.
Според последните податоци на статистиката, во август годинава земјава ја посетиле близу 190 илјади туристи. Во однос на истиот период лани бројот на туристи е зголеме за 20 отсто, а бројот на ноќевања за 10 проценти. Најбројни биле гостите од Турција и Холандија. Странците најмногу доаѓаат во главниот град и езерските места.
