Продолжуваат здравите рецепти на Охриднет и Билјана Јанеска. Објавуваме рецепти и совети со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.
,,Ние сме она што јадеме…..телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана”….
Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која повеќе од две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.
Оваа недела рецепт за здрави, вкусни и брзи бесквасни лебчиња.
Потребно:
150 гр интегрално пченично брашно
50 гр интегрално ржано брашно
50 гр интегрално пченкарно брашно
200 мл јогурт
мало лажиче хималајска сол
малку сода
Подготовка:
Сите состојки се замесуваат. Не треба да чекате втасување, лебчињата се многу брзи. Од тестото формирате топчиња ги ставате во тава и печете околу десетина минути на 200 степени.
Од оваа смеса се добиваат шест лебчиња.
Фотографии:
.jpg)
.jpg)
.jpg)
