Собранието ќе гласа за нов јавен обвинител

Во Собранието на Република Македонија, денеска пратениците ќе расправаат за предлогот на Владата, Љубомир Јовески  да биде именуван за нов државен јавен обвинител.

Во Собранието на Република Македонија денеска Љубомир Јовески треба да биде именуван за нов државен јавен обвинител.За да биде избран,треба да одлучи просто мнозинство од 61 глас.Владата на 7 ноември му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.Шеесет и тригодишниот Јовески во своето досегашно работење постапувал во кривичната област. Повеќе од 15 години работел како судија по кривични предмети, а во еден мандат раководел со Основниот суд Скопје 2, а има и работно искуство од над 12 години како јавен обвинител и седум години во облата на извршување на кривичните санкции.Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани