Започнуваат подготовките за Бадниковата поворка

Од сабота започнуваат подготовките за Бадниковата поворка. Со почетокот на Божикниот пост започнаа и подготовките за големиот христијански празник Христовото раѓање.

Во САБОТА 02.12 во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ Охрид пријавување и  прва проба за учество на Бадниковата поворка.

-Ајде и оваа година на 6-ти Јануари 2018-та гласно да го наговестиме Христовото раѓање!!!!, повикуваат организаторите. 

Минатата година повеќе од 300 деца беа дел од величественета Бадникова поворка, што во Охрид се одржа по четврти пат. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани