Во Струга отпочна првиот филмски фестивал „Drim Short“.
Фестивалот за краток филм „Drim Short“ е обид, стружани повторно да се вратат во кино салата. Фестивалот ќе заврши утре а се одржува под слоганот „Дајте ми добра приказна, а реалноста ќе ја следи!“ Оваа година фестивалот ќе биде ревијален и со програма која ќе се фокусира на младите македонски автори и филмови од македонската продукција, меѓу кои се филмови со силни општествени теми.Првиот филмски фестивал „Drim Short“, е идеја на неколку млади филмски работници од Струга. Тие се надеваат дека ќе создадат филмска традиција и филмска продукција во Струга и ќе придонесат во континуитетот на културниот живот во градот, како и дека ќе ја вратат навиката на стружани за одење во кино. Во рамки на фестивалот ќе се одржи дискусија на тема „Социјалната ангажираност во новиот македонски филм“. Предвидено е во офф-програмата да биде изведена претставата „А што потоа?“ во режија на Драгана Стојчевска, како и диџеј-сетови на Душко Јаневски и Богдан Јамакоски.Фестивалот е поддржан од Министерството за култура преку проектот „Нов културен бран“ и во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ – канцеларија Скопје.
