Пукотници се слушнаа денеска на „Туристичка“ во Охрид, пукано е кон еден човек кој имал повреди во потколеница.
Со истрели од пиштол денеска во Охрид е повредено едно лице. Врз него било пукано со пиштол и бил повреден во потколеницата. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, го потврди настанот, кажа дека околу 14 часот со огнено оружје е повредено едно лице. Настанот се случил на булеварот „Туристичка“ во близина на пресекот со улицата „Бистрица“, едно лице се здобило со повреди во потколеницата по што итно е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и се наоѓа надвор од животна опасност, изјави Димоски. Димоски кажа дека СВР Охрид, во моментов е во координација со јавниот обвинител и дека се преземаат неопходните мерки за пронаоѓање на лице кое е можен сторител на нападот со огнено оружје.
