Струшката полиција пронашла хашиш смола, марихуана и шприцеви до домот на 33 годишен стружанец.
Надворешната канцеларија за криминалистичи работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(33) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.05.2017 година во Струга при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени 37,58 грама марихуана и 12 шприцеви со 203,5 милилитри хашиш смола.
