Согласно Законот за заштита на лични податоци, има потреба од итно менување на ликот и содржината на легитимацијата на туристичкиот водич, на која според актуелното решение стои матичниот број.
Со цел доследна примена на Законот за заштита на лични податоци, чие непочитување подлежи на законски дефинирана одговорност, Здружението за угостителство и туризам ќе достави официјален допис до министерството за економија да се смени ликот и податоците на легитимацијата. Ова се дел од иницијативите на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност и Законот за угостителската дејност со цел намалување на нелојалната конкуренција и елиминирање на сивата економија, како и за подигнување на квалитетот на услугите во туристичкиот сектор.Професијата туристички водич, од пред повеќе од една година е во Номенклатурата на професии а Здружението на туристички водичи и придружници на РМ од своето основање до денес како главна цел во своето работење си постави изградба на модерна водичка служба која ќе може да одговори на предизвиците, потребите и барањата на модерниот туризам. Во изминатиов период,во Македонија, со реализација на одреден број проекти е направен квалитетен исчекор во подигањето на квалитетот на водичката служба. Во координација со МОН и факултетите за туризам се подигна нивото на едукација со примена на европските стандарди што во перспектива ќе отвори поголеми можности на туристичките водичи за вршење на својата професија, беше речено на неодамна одржаната тркалезна маса во Стопанската комора на македонија.Професијата туристички водичи во Република Македонија се обавува од 1978 година. Оваа професија произлегува од потребата на туристичките агенции на своите клиенти-патници да им ги презентираат карактеристичите особености на државите и градовите кои се посетуваат во странство, но многу повеќе на странските гости кои ја посетуваат нашата земја како туристи, но и како гости на Владините институции, Собранието на Република Македонија, посетители на разни бизнис, спортски, културни и други манифестации.
Туристичките водичи се репрезенти на државата и призма низ која странските гости го градат впечатокот за нашата земја. Од квалитетот на нивната презентација зависи дали странските посетители ќе си заминат во своите земји не само со убави слики во фотоапаратите, пријатни впечатоци за нашата кујна и гостопримството на граѓаните на нашата земја, но уште повеќе со квалитетна иреална претстава за историјата, географијата, општественото уредување и културното наследство на нашата земја. Од таму професијата туристички водичи се наметнува како професија од посебен интерес задржавата.Следствено на ова, туристичките водичи треба да имаат квалитетно и стручно усмерено образование. Во моментот за извршување на професијата туристички водич потребно е Уверение за положени испити според испитна програма на еден од двата Факултети за туризам, Факултетот за туризам и угостителство Охрид и Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.
