Во склоп на манифестацијата „Од 20 до 20 – Сите во Охрид“ на 17 јануари во градот ќе се организира првата трка на келнери од најдобрите кафе барови, ресторани и хотели.
Со секојдневна анимација, концерти, чоколадна улица, трка со Дедо Мразовци, фестивал на вино и сирење, фестивал на палачинки и пица, фестивал на гррафити и модерна уметност, баскер фест , претстави и изложби Охрид ќе се обиде да ги задржи гостите во зимската сезона.
На новогодишната ноќ ќе настапат Даниел Кајмакоски и Анита Мицова. На Божиќ на градскиот плоштад ќе настапат Гоко Танески и Сергеј Четковиќ, на Православна Нова година групата Љубојна, а на Богојавление битолската група Фолтин.
– „ Идејата ни беше да изградиме една манифестација која што ке носи сопствен печат и традиционално ќе се одржува во наредните години ќе се надоградува секоја година а ќе трае цел месец од 20 декември до 20 јануари и ги опфаќа сите оние празници кои ги споменавме“, вели Јован Стојаноски градоначалник на општина Охрид.
На православна Нова година ќе се врати и маскенбалот во Охрид. Најмладите ќе имаат и дефиле под маски а најдобрите маски ќе добијат и награди!
Охриднет.ком
