После гласините во јавноста и бјава во одредени медиуми од ЈП Проаква демантираат дека ќе се напалаќа паушално.
-„Врз основа на член 13 и член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, бараме да биде објавен демант и да биде повлечен текстот објавен на ден 28.12.2017 година во написот со наслов “Проаква ќе наплаќа паушално од сопствениците на викенд куќи и станови во Охрид”, бидејќи во текстот се објавени серија на невистини. Имено, врз основа на Законот за утврдување на цени на водни услуги (Сл.весник на РМ бр.7/2016) и согласно Решението на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр.УП1 бр.08-102/17 од 11.09.2017 година, Управниот одбор на МЈП Проаква Струга донесе одлука за утврдување на тарифи за вода на седницата одржана на ден 22.12.2017 година. Што значи носењето на одлуката е законска обврска на претпријатието. Целосно се неточни тврдењата дека цената на водата ќе се зголеми, односно таа до сега изнесуваше 25,50 денари за кубик потрошена вода, а од месец јануари натака ќе изнесува 25,52 денари за кубик. Воедно, цената на водата е непроменета од 2001 година до денес. Исто така е потполно неточно дека во Охрид има 8000 пасивни водомери кои не се користат во текот на годината. Директорот на МЈП “Проаква” Струга не се крие и може во секое време да биде контактиран. „Брзината“ на ПР службите е таква каква што е благодарение на стручноста и професионалното работење на истите со цел да се дадат точни и проверени информации. Ние сме во служба на сервис на граѓаните, благовремено и точно да бидат информирани“, стои во демантот на директорот Владимир Алексијоски.
