Времена измена на сообраќајот кон Кичево и Ќафасан

Авто мото сојузот на Македонија известува дека на сила е времената измена на сообраќајот на патните правци кон Кичево и кон граничниот премин Ќафасан.

Според соопштението на АМСМ, на магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид ( Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ известува за времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин Ќафасан каде измената на возниот режим за сообраќај започна од 08.12.2017 од 14ч. а ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација. АМСМ потсетува на неопходноста од внимателно управување со возилата посебно на овие патни правци.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани