Коледе леде заминa во историјата. На голема врата се врати старата коледарска песна „Вечниот бог“ .
Годинава рекодрден број деца, повеќе од 400 од Охрид, ги привршуваат подготовките за големата Бадникова поворка, која традиционално по петти пат ќе се одржи во градот.
Ден пред Божиќ, на 6 јануари, рано утрото децата со свеќи во раце, кандила, ѕвезди и ѕвона ќе го наговестат Христовото раѓање.. Во свечена Бадникова поворка низ охридските улици ќе одекнува старата коледарска песна “Вечниот бог”.
Децата ги симболизираат небесните анѓелите, кои возбудени со насмевки и радост ја шират радосната вест. За возврат на градскиот плоштад пред Бадниковата пештера верниците ги даруваат со пакетчиња. Секој кој милува може да се придружи на величествената поворка.
– „Многу сме радосни што сме мегу првите поворки во Макеоднија. И уште порадосни сме што по благословот на нашиот отец Партениј, игумен на Буигорскиот манастир се возобнови оваа духовна традиција низ скоро сите градови во Македонија“истакна Летка Филипова Организационен одбор.
Децата масовно ја прифаќаат и учат старата коледарска песна. Полни со енергија ја пеат и малите и поголемите деца.
-„Од самиот почеток јас сум и ќе продолжам понатаму“, вели едно девојче.
-„Јас су среќен што сум дел од оваа поворка. Јас учествувам веке втор пат минатата година ја носев куќичката и многу сум среќен“, вели едно момче.
-„Среќна сум што сум дел од оваа поворка учествувам по втор пат и многу ми е драго бидејки ваков настан во годината се случува еднаш“, вели едно девојче.
На коледе ќе се случи петтата по ред величествената Бадниковата поворка полна со колендарчиња кои ќе сеат празнина радост низ цел Охрид. .
Новинар Соња Рилковска
