Се најавува преиспитување на Законот за празници по што ќе се согледа и можноста дали 2 јануари ќе се смета за неработен ден.
Можноста дали 2 јануари ќе се смета како неработен ден можеби за следната година ќе биде реалност, барем според она што го најавуваат од Министерството за труд и социјална политика. По бројните реакции и зебелшки на граѓаните, се најавува преиспитување на Законот за празници и надлежните ќе бараат мислење и од работниците и од работодавачите.
Според Министерството за труд и социјална политика, „работодавачите често укажуваат дека има многу празници. За да може да се пристапи кон какво било решение, ќе треба прашањето да се отвори и да се разговара со претставници на работодавачите и претставници на работниците и, секако, да се разгледаат меѓународните искуства за бројот на неработни денови. Потоа ќе може да се пристапи кон предлог во кој ќе се согледа и можноста дали 2 јануари да се смета како неработен ден“. Инаку, 2 јануари работен ден стана во 2007 година кога беше изменет а беа додадени низа други празници за неработни денови.