Светска банка го промовираше 12-то издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан.
Проценките за Македонија во 2018 година е дека економскиот раст ќе изнесува 3,2 отсто, додека во 2019 година ќе порасне на 3,9 проценти. Светска банка ги коригираше проценките за годинава, па се очекува до крајот на декември економскиот раст да изнесува 1,5 проценти, што е понизок од 2016 кога изнесуваше 2,4 проценти. Со тоа земјава има најнизок раст во регионот. Веднаш по Македонија, на дното на листата е Србија со 2 проценти, што е за 0,8 процентни поени помалку од претходната година.Причината за значителното забавување на економскиот раст годинава во земјава се должи на политичката криза која негативно се одрази врз инвестициите, е заклучокот во извештајот.
