Дали на Македонија и треба Закон за личен банкрот?

Експертите бараат закон за личен банкрот во Македонија поради масовното задолжување на граѓаните со потрошувачки кредити.

Доаѓа време државата да почне да размислува за Закон за личен банкрот, сметаат дел од економските експерти, откако Народна банка на Македонија објави дека за една година задолжувањето на граѓаните се зголемило за 9,2 отсто, а наплатата на долгот оди тешко, пишува 24 vesti.com. Економистите апелираат во вакви услови банките да бидат претпазливи при доделувањето на кредитите оти кога расте задолжувањето на граѓаните тоа значи дека нивните приходи не им стигнуваат да ги трошат за целите за кои што ги планирале.Според НБРМ во текот на 2017 заклучно со декември населението во банките и штедилниците се задолжило со речиси 2,3 милијарди евра, а во 2016 оваа сума изнесувала 2,1 милијарда евра.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани