Светиот Великомаченик Теодор Тирон, во народот познат како Тодорова сабота, ќе биде одбележан со Архиерејска литургија.
Архиерејска литургија ќе се одржи во во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј.
Утре во 08 часот и 45 минути во црквата „Св.Никола-Геракомија“, Митрополитот г. Тимотеј ќе чиноначалствува со Архиерејската литургија по повод Неделата на Православието.
