ТАВ ги отстранува буквите од името на скопскиот аеродром

ТАВ Македонија го отпочна процесот за отстранување на буквите од името на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Концесионерот ТАВ Македонија со соопштение информира дека започна со отстранување на буквите од името „Александар Велики“ на аеродромот во Скопје. Потврдуваат дека постапката е веќе отпочната и е во согласност со инструкциите на Владата.
-Почнавме да ја имплементираме Одлуката на Владата. Знакот со името на терминалната зграда се отстранува, додека процеси за промена на името исто така, согласно инструкциите на Владата, се спроведуваат, и за сите предмети и содржини на аеродромот, соопштуваат од ТАВ Македонија.
Инаку, на неодамнешната седница на Вчадата, усвоена е одлуката за преименување на аеродромот „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром „Скопје“, што е всушност дел од сет мерките за градење доверба со Грција и решавање на деценискиот спор со името на нашата земја.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани