Што се случува и каде „плива“ пливачката федерација на Македонија?

По големите бранувања, знае ли некој каде „плива“, пливачката федерација на Македонија?

Многу прашања испливаа по вчерашната информација дека по барање на Иницијативниот одбор а со подршка на Агенцијата за млади и спорт, се одржа вонредно собрание на Пливачката федерација на Македонија (ПМФ) на кое за претседател е изгласан Дарко Нешков.Практично, тоа значи дека Пливачката федерација на Македонија има две раководства имајќи во предвид дека на завчерашното вонредно собрание на ПФМ, 15 делегати со право на глас, едногласно за претседател го реизбраа Александар Маленко кој претходно беше признаен и од Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Според изјавите на Александар Маленко, денешниот избор за ново раководство на ПМФ кој го направи Иницијативниот одбор за промени во пливањето со амин на Агенцијата за млади и спорт е апсолутно нелегитимен, надвор од сите правни рамки. Додава дека политиката треба да биде надвор од спортот, а правдата ќе биде побарана од домашните и меѓународните правни институции, дека ќе се оди понатаму и институционално ќе го решавале проблемот. Вели дека правдата ќе се бара во Управниот суд, Обвинителството и Спортскиот кривичен суд во Лозана.
И после се, се наметнува прашањето кој е вистинскиот претседател на ПФМ, дали ќе се смират немирните води во ПФМ и воопшто, дали некој мисли на пливачите и на пливањето, на судбината на Охридскиот пливачки маратон и работа кон негово издигнување на заслужениот пиедестал во светските пливачки маратони.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани