Продолжуваат здравите рецепти и совети на Охриднет.
За сите кои се грижат за своето здравје Ви предлагеме супа од просо. Веган варијанта здрава и вкусна!
Подготовка:
Се запржува кромидче со морков на лесен оган. На друго тенџере се пропржува корен од магдонос со маслиново масленце со додаток на малку сол и потоа му се додава водичка и вегета зачин К + од храна и вино .
На пропржениот кромид и морков му се додава 1/2 филџан просо и тоа малку се пропржува и му се додава од водичката што ја припремивме во првото тенџере му се додава и малку сок од домати и се остава 15 минути да вари.
Потоа со блендерот направете една главица лук, пола исцеден лимон две пиперчиња лути,една лажица маслиново масло. И се додава ситно исцецкан магдонос заедно со лукот.
Авторот на овој вкусен но и здрав рецепт Фадил Ибишоски вели „Му објавив војна на бактерии паразити вируси се се истребија од дома!“
Хранете се здраво! – „Здравјето на дланка’
