Автомобил „Опел астра“ со охридски таблици излетала од патот кај кичевско Пополжани.
Според соопштението од МВР, на 07.04.2018 година околу 03.30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Пополжани, А.К. (26) од Кичево, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот во нива. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Т.С. (22) од Кичево, на кого му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево и бил задржан на лекување. На возачот А.К. му биле констатирани лесни телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.
