Шесто издание на Codefest Tech Festival во Охрид

 

Денес, 20ти април (петок) официјално започнува 6 тото издание на Codefest Tech Festival, настан кој претставува прослава на технологијата, иновациите, стартапите и креативните млади.

Настанот е основан и организиран од организацијата Стартап Зона од Охрид. Годинешното издание на настанот е организирано со заеднички сили на локалната ИТ и бизнис заедница од Охрид преку вклучувањето на стартапот Slice и на Охридска Банка Сосиете Женерал како главни партнери на настанот, покрај поголемиот број домашни и интернационални партнери кои ги вклучуваат InScale, Seavus Education and Development Center, South-Central Ventures, како и Swiss Entrepreneurship Program која е интернационална програма на Швајцарската влада. Голем број компании се вклучуваат на настанот и преку експо, работилниците, а секако и со регрутери на самата локација.
Официјалното отворање на фестивалот започнува со конференцијата Codeference.
Датум: 20.04.2018, петок
Време за давање изјави: 16:30 – 16:50 часот, во назначен Media Corner пред влезот на конференциската сала
Официјално отворање на конференцијата: 17:00 во Дијамантска сала на хотел ИНЕКС Горица, Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани