ПИСМО: До кога Бранко крвопиецот ќе цица крв од охриѓани?
Бранко Арнаудов, долгогодишниот раководител на секоторот за урбанизам во општина Охрид, е црното лице на урбаната мафија во градот! И врапчињата знаат за неговите нелегални зделки, уцени и самоволие. Со години тешки криминали и „заврзлами“ на полето на урбанизмот. Глава на урбаната мафија во градот Охрид. А замислете се уште на чело на секторот!
Сите знаат дека за своите „услуги“ наплатува во станови, метри квадратни или илјадници евра. „Услуги“ кои локалната е должна да ги направи за своите граѓани. А замислете за да ги остварите вашите права, кои законски ви следуваат треба да го молите Бранко или да се спогодите со него!?
Познавам стотици граѓани „изгорени“ од овој криминалец. Со децении заглавени во Секторот за урбанизам, кои секојдневно молат и наидуваат на затворена врата!
Прашуваме до кога Бранко крвопиецот ќе цица крв од охриѓани? Зарем и новиот градоначалник ќе си дозволи да соработува со оцрнетиот криминалец?
Ја советуваме локалната самоуправа да ги слушне илјадниците поплаки од охриѓани. Илјадниците уцени и илјадниците зделки кои ги кроел раководителот – криминалец.
Арнаудов работеше со сите претходни градоначалници. Десна рака на Петрески, па потоа и на Бакрачески сега зарем и на Стојаноски? Дали некој ќе смогни сили да го тргни и да го прекине неговото самаоволие во Охрид?
Автор Стојан Ѓоргоски
Сопственик на компанија „Зора“ Охрид
Објавувањето Писма, колумни и коментари од надворешни автори се должи на намерата на „Охриднет“ да се слушне гласот на народот и мислењето на граѓаните. Напоменуваме дека изнесените ставови се лични мислења на авторите и поединци и дека во врска со изнесеното, „Охриднет“ не сноси одговорност.
