ВНИМАТЕЛНО: Животни на автопатот Тетово Скопје

Внимателно возете на  автопатот Тетово – Гостивар – Скопје, бидејќи  често животните излегуваат на коловозот.

Најчесто оградите се крадат и се продаваат, но се случува земјоделците да ја уништат со цел полесно да стигнат до своите ниви а со тоа се загрозува животот на луѓето кои транзитираат на оваа делница. 

Ваков случај имало  минатата година кога  животно усмрти мајка и ќерка. Според податоците на СВР Тетово, само лани имало 50 сообраќајни несреќи како последица на излегување на животни на коловозот.

Граѓаните алармираат дека оштетувањето на заштитните жици на автопатот може да чини живот, бидејќи често се гледаат животни на автопатот, особено во делот кај Групчин, општина Желино и на автопатот Тетово – Гостивар, пренесува Алсат М. 

Од претпријатието „Македонија Пат“ се свесни за проблемот и соопштуваат дека поради крадење или оштетување на оградата покренале неколку тужби против непознати лица.

 

 

Social profiles