Ќе се формира туристичка инспекција

На редовната 65-та седница Владата на Република Македонија, вчера  разгледа повеќе точки од планот за работа и донесе одлуки кои се од интерес на граѓаните.

На предлог на Собранието на РМ, Владата на Република Македонија даде позитивно мислење за повеќе измени и дополнувања на законски решенија, меѓу кои предлог- за инспекциски надзор, за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија. Туристичка инспекција ќе дејствува како самостојна институција, со ингеренции и организациона поставеност по моделот на Државниот пазарен инспекторат. 

Туристичката инспекција би требало да воведе ред во туризмот. 

Министрите воедно  на барање на Министерството за економија го разгледаа Извештајот за преговори со усогласен текст на договорот за соработка во областа на туризмот меѓу владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани