Британскиот диџеј во Струга ќе настапи со осум македонски диџеи.
Струга живее во знакот на целовечерниот концерт што вечерва од 22 треба да отпочне а го организираат „Дримон фестивал“ и „Десонанц фестивал“. Во склопот на овој настан ќе настапат 8 диџеи на два стејџа и афтер на брод сè до утринските часови. Покрај британскиот диџеј Иниго Кенеди, ќе настапат и македонските диџеи Андреас Херц, Клара, Митрик, Меги, Оги, Боби, Кроном.Главната сцена на која ќе настапи гостинот од Англија и нашите Андреас Херц, Клара и Митрик ќе биде сместена во големиот хангар што се наоѓа во комплексот од центарот за култура во Струга, а на летната сцена ќе биде сместен вториот стејџ, каде што ќе има настап на Боби и Оги до полноќ. На врата ќе може да се купат беќезици за афтер на бродот за кој ќе биде организиран и автобуски превоз до локацијата за кој се планирани Меги и Митрик.
Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име што често можете да го сретнете во програмите на елитните технохрамови во светот, како: „Фабрик“, „Бергхајн“, „Трезори“ сл. Како музичар и продуцент неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни со каталог на изданија на водечките техноетикети како „Токен“, „Семантика“ и неговата сопствена издавачка куќа „Асиметрик“. Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот. Билети во претпродажба во строго ограничен број ќе може да се набават преку продажните мрежи на mktickets.mk и karti.com.mk и пред почетокот на настанот на врата.Струга денеска ќе биде центар на електронската музика.
