Селото Речица, охридско се наога во подножјето на планината Мазатар,одалечено 18 км од Охрид на патот Охрид-Ресен, пред Куратица.
Селото Речица е сместено во аголот каде се спојуваат Коселска Река и малата река која доаѓа од Мазатар.
За потеклото на селото Речица и името не постојат пишани податоци од каде може да се види,меѓутоа селото си го добило своето име Речица бидејки е сместено покрај поголем број на реки.
Денес Речани покрај вода се жедни. Од минатата година ја нема реката, ги нема валајците. Исчезна џагорот на реката и вревата на разработените валајчари.
Откако е изградена хидроцентралата, браната и цевководите се остана пустош, раскажува Горан Ангелоски претседателот на МЗ Куратица.
-„Сега нема вода помеѓу браната и централата во растојание од 4км. Тажно е се е запустено. Ветено им беше дека се ке се среди , ама ништо од тоа,Раскопано се е така остаено“, вели Ангелоски во изјава за Охриднет.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
