„Виори низ сонот и фантазијата“ е првиот роман на Георги Ставрески.
Денеска во охридскиот Црвен крст, ќе биде промовиран роман „Виори низ сонот и фантазијата“-прво авторско дело на Георги Ставрески-волонтерот на Црвен крст од Охрид.Романот „Виори низ сонот и фантазијата“ ќе го промовираат професорите Вангелко Лозаноски и Љубица Чифлигароска, м-р Ивана Рилкова Томевска и Ленче Николоска. Промоторите се и рецезенти на романот и се членови на Здружението на љубители на литературата и уметноста „Св. Висарион“ од Охрид.Свечената промоција е закажана за 18 часот.
