По трет пат фестивал „Словенија во Охрид“

По трет пат во Охрид ќе се одржи  Интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“.

 

Фестивалот во организација на Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди-Охрид“ и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија станува традиција, со која  се одбележува и Денот на независноста на Словенија.

На фестивалот ќе учествуваат неколку фолклорни групи, дувачки и тамбурашки оркестри, хорови и мажоретки.

Свеченото отворање  е вечерва на летната сцена Долни сарај, со почеток во 20:00 часот, а влезот е слободен. 

Манифестацијата ќе трае и утре,( 25-ти јуни)  на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и на  малиот  плоштад кај ТЦ „Амам“, а почетокот е од 17:00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани