ФОТО: Сообраќајна (не) култура кај дел од нас

Што на ум то на друм,и вака може да се вози кај нас!!!

Некои возачи, едноставно ги ставаат во опасност своите но и животите на другите во сообраќајот. И додека цела држава и цел свет, организираат бројни кампањи и огромен труд вложуваат во подигнување на безбедноста во сообраќајот со цел намалување на сообраќајките и на жртви во истите, дел од нашите граѓани-„возачи“, око не им трепнува како возат и што прават во сообраќајот.Тие незнаат што е одговорност ниту помислиле на својата безбедност а уште помалку на безбедноста на децата и другите сопатници, управувајќи ги возилата. Тие-„паметните“, наумиле дека може „да помине“ нивната идеја да возат како сакаат но и да паркираат каде сакаат и да си направат муабет на „соодветно“ место.Честитки за „генијалноста“, вистинска среќа што не се случило нешто лошо и голема штета што не „налетале“ момчињата во сина униформа. Погледнете ги фотките направени деновиве на охридско-струшките патишта.Треба ли коментар за „генијалците“?

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани