„Македонија пред се“-нов протест во Охрид

Во сабота ќе се одржи 11 протест на здружението „Македонија пред се“.

Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“, на 30-ти месецов во 19:00 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе го одржи единаесеттиот по ред од серијата народни протестни собири. Собирите се против злоупотребата на државните институциите од страна на власта а на штета на македонскиот народ и држава-велат од здружението.На единаесеттиот по ред од серијата народни протестни собири, јасно и гласно ќе кажеме дека се спротивставуваме на спогодбата со Грција за промена на нашето уставно име потпишана во Преспа,како и на евентуалниот референдум во врска со истата.Воедно ги повикуваме граѓаните на Охрид и пошироко да дојдат и заедно да го кренеме гласот против обидот за екзекуција на нашиот народ и држава, стои во соопштението од иницијативата „Македонија пред се“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани