Охридски американец бесправно градел во Охрид

Охриѓанец кој живеел во Америка, бесправно изградил куќа во Охрид.

38 годишен охриѓанец кој живеел во Пенсилванија-САД, бесправно изградилкуќа и добил кривична пријава но и решение за уривање на дивоградбата.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.К.(38) од Охрид, со привремено престојувалиште во Пенсилванија-САД.
-Во текот на мај оваа година, пријавениот, на катарстарска парцела на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, како инвеститор започнал да врши градба на индивидуална станбена куќа на сопствено земјиште без одобрение за градење, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Од страна на службените лица од општинскиот градежен инспекторат-Охрид извршен е увид за што е изготвен записник и донесено е решение за отстранување односно за извршување-присилно административно рушење на бесправната градба.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани