Од „Отекс“ уште се краде

Се чини дека крадците не можат да го заборават „Отекс“ бидејќи сеуште има што да украдат од фабриката.

Поранешниот текстилен гигант „Отекс“-Охрид не престанува да биде мета на крадците.Сакаат да го докусурат и она нешто што останало во фабричките хали.Деновиве охридската полиција фати крадец што од просториите на „Отекс“ украло алуминиумски тавански профили. Епилогот е кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.О.(33) од Охрид.
Пријавениот,казненото дело го сторил во временскиот период од 22/23.06..2018 година во комплексот на поранешната факрика „Отекс“. Користејќи две маси, се качил на таванот од помошната просторија во фабриката и по извршено пребарување во поранешните фабрички простории одзел 40 м.2 парапет-тавански алуминиумски профили. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Д.О. се стекнал со протившправна имотна корист во износ од 120.000,оо денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Додава дека и во изминатиот период, СВР Охрид реализирал повеќе тешки кражби од „Отекс“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани