Во Охрид утре почнува 57 издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“.
Овогодинешниот 57 по ред „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“ почнува утре и ќе трае до 7 месецов.Фестивалот, започнува во 19 часот со традиционалното свечено дефиле на фолклорните ансамбли низ охридската чаршија, по што во 20 часот, на првата фестивалска вечер во Националната установа Дом на култура „Григор Прличев“,ќе настапи македонскиот Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“.
„Балканскиот фестивал на народни песни и игри“ е најстар фолклорен фестивал на Балканот и е подржана од Собранието и Министерството за култура на Република Македонија како и од бројни спонзори.

