Од вечерва старува годинешното 57-то издание на Балкански фестивал на народни песни и игри.
Фестивалот е во својот традиционален термин од денес – 4 до 7 јули 2018. Годинава наместо на сцената „Долни сарај“ концертите ќе се одржуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.
По традиција започнува со дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија во 19 часот , а потоа концерт на ансамбалот „Танец“.
Фестивалот годинава ќе го отвори претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери, а пред присутните ќе се обрати и в.д. директорот Стрезо Стаматоски. И годинава е предвидена богата фолклорна програма.
Балканскиот фестивал е најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите а е во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид. Во изминативе години на Балканскиот фестивал се презентирани околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.
