Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против С.Р (45) од струшкото село Калишта.
-„Во текот на 2017 година пријавениот како инвеститор на сопствена локација во место викано „Село“ атар на струшкото село Калишта, без одобрение, на површина од 2000 м.2 изградил автокамп узурпирајќи и дел од Охридско Езеро. Пријавениот, ја оградил парцелата од западна и дел од северна страна со метални столпчиња и мрежа. Од извршениот инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при Општина Струга составен е записник и донесено е решение со кое на пријавениот му се наредува да ја отстрани градбата“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
