Голем интерес кај охриѓани за предавањето на Јане Петков-„човекот амфибија“ кое во организација на Црвен крст Охрид вчера се одржа во просториите на Црвен крст Охрид.
Јане Петков на присутните им презентираше техники на трифазно и четирифазно дишење, како и вештини на користење на мислата и концентрацијата при изведување на неговите подвизи во препливување на водени површини врзан за рацете и нозете со ланци и во вреќа, без користење на никакви помагала.
Еден таков, несекојдневен и необичен подвиг шеесет и четири годишниот Јане Петков ќе се обиде да изведе на 24 јули 2018 г. на Охридското езеро со препливување на повеќе од 3500 м. врзан со ланци и во вреќа.
.jpg)
Само за потсетување, Јане Петков роден 1954 година, постави Гинисов рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2388 м. за време од 2ч.55м.47с., токму ва Охридското езеро, на патека Горица-Градско пристаниште Охрид во септември 2013 година.
.jpg)
Сегашниот гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил индиецот Гопал Карви со препливани 3071 м. во Индискиот океан на 1.12.2013 година.
За сите дополнителни информации и детали ви стоиме на располагање.

