Повредени неколку лица во тешка сообраќајка кај охридскиот аеродром Свети Апостол Павле.
Сообраќајката се случи попладнево при удир меѓу џип и автобус. Засега не се познати причините за судирот. Неколку лица возачи и сопатници во двете возила се здобиле со тешки повреи при што со Брза помош веднаш се пренесени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид.
Полицијата врши увид за утврдување на причините за сообраќајката. Во моментов колони возила кон Дебрца поради сообраќајката.


