Охридското одделение на УИПР е меѓу 34 одделенија во земјава каде граѓаните можат да поднесуваат барања за приватизација.
Во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи низ Македонија можат да се поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште. Секој работен ден, од 7:30 до 16:30 часот канцелариите се отворени за прием на барањата. Од охридското оделение на УИПР велат дека граѓаните можат и телефонски да ги добијат основните информации за отпочнување на постапката, на следниот фиксен телефонски број: 046/266-569 046/264-830
Инаку, со измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се пролонгираше рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето.Барањето се поднесува во подрачното одделение во општината каде се наоѓа земјиштето.Потребни документи за поднесување на барањето:доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица;правната основа, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго),податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга и тоа: имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.Во подрачното одделение добивате формулар, односно барање кој го пополнувате. Барањето и документите ги предавате на вработениот.
