Летањето со параглајдер над Охридското езеро е една го хит авантурите во која уживаат домашните и транските туристи.
Веќе десетина години наназад се нуди летање со параглајдер од Галичица. Појдовни точки најчесто се прекрасните видиковци на планината, како гребенот Баба на 1631 метар и Еленов Врв (1.221 м.) над селото Велестово, Тандем летањето со параглајдер над Охрид се врши со лиценциран инструктор.

Пред полетувањето има 10 минутна обука . Целата авантура трае околу 2 часа, времетраење на летот е од 10 до 20 минути.
За туристите со кои разговараше Охриднет на Галичица тоа е езаборавна авантура со многу возбудливи мигови.

-„ Понудата за тандем летови трае преку цело лето, а заинтересираноста е подеднакво како кај странските, така и кај домашните гости.Летови со Тандем Параглајдер се организираат секој ден во договорени термини, а најбаран термин е оној на зајдисонце кога светлоста од сонцето е најубава и кога летовите траат подолго“, информираат организаторите на параглајдинг авантурата.

