Вечерва во рамки на програмата на Охридско Лето публиката ќе ја проследи театарската претстава „Странци“, во режија на Нела Витошевиќ.
Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отвoрaјќи болни конфликтни ситуации. Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себе претставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Сѐ во име на вистината.
Режисер: Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска
Композитор: Огнен Анастасовски
Улоги:
Микеле – Игор Ангелов
Ева – Ирена Ристиќ
Карлота – Биљана Драгиќевиќ – Пројковска
Пепе – Зоран Љутков
Бјанка – Сања Арсовска
Козимо – Филип Трајковиќ
Роко – Предраг Павловски
Не се препорачува за публика под 18 години!
