Утре, дел од улиците во населбата „Билјанини извори“, ќе останат без вода.
Како што информираат од МЈП Продаква Р.Е Водовод Охрид.поради интервенција на водоводната мрежа на улица „Галичица“, утре ќе има прекин во водоснабувањето на повеќе улици од населбата „Билјанини извори“.Без вода ќе бидат жителите од улиците: „Галичица“, „Мирче Ацев“ , „Билјанини извори“, „Никола Карев“ и „Ванчо Питошески“.
-Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 12:00 часот,велат од „Проаква“.
