20 годишно момче денес се удави на плажата Магнус во Охрид.
Машкото мртво тело било пронајдено после подолга потрага. Според очевидци младото момче, кое било турист, влегло во вода и за миг исчезнало.
Откако не се појавил, пријателите започнале да викаат и да го бараат. Пријавиле во полиција. Пристигнале спасители кои после некое време успеале да го пронајдат удавен на неколку метри од брегот.
