Од билтенот на СВР Охрид: Разбојништво и кривични за кражба и злоупотреба

Охридската полиција поднесе кривични за тешка кражба и за злоупотреба на службена положба.

На 01.08.2018 година околу 05,20 часот во СВР Охрид, Б.Д. (26) од Богданци пријавил дека истиот ден околу 04.30 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид две непознати лица му извршиле разбојништво. Додека се движел пеш бил пресретнат од едно лице кое го прашало дали може да го одведе до најблиското тобако. Движејќи се, им се приближило патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, од кое излегло едно непознато лице, кое насилно го приближило до ѕид, додека другото лице од џебот му одзело 13.000 денари, по што со возилото заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З. (57), В.З. (52) и Ш.Ш. (83), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело ,,тешка кражба”. Во периодот од април 2018 година до 19.07.2018 година од магацински простор на ул. ,,8-ми март” во Охрид, сопственост од У.И. (46), пријавените одзеле арматура и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 326.000 денари.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.К.(39) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 16.12.2013 до 08.11.2017 година пријавениот како директор на Јавното претпријатие ,,Градски пазар” во Охрид, за себе и други вработени во претпријатието одобрувал аванси-дневници за службени патувања, по што, спротивно на одлука на управен одбор, од страна на истите не биле поднесувани извештаи за потрошените средства. Притоа, патните налози за службените патувања на истите вработени, не биле или биле делумно пополнети. Исто така, пријавениот, без одлука на управен одбор, одобрил да биде изнајмено патничко возило на трошок на јавното претпријатие за службено патување на вработен. Со ова пријавениот на ЈП ,,Градски пазар”-Охрид му нанел материјална штета од 456.129 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани